Има силен дух и сака да победува…Тоа е жена ЛАВИЦА!

од Берта Китинска
332 прегледи

Великодушна, театрална, привлечна, страствена, тврдоглава, упорна, љубезна….  Лавицата обожава да биде во центарот на вниманието и тоа секогаш и оди од рака. Кога е лута, најлесно ќе ја смират комплименти и подароци. Има силен дух и сака да победува, а благодарејќи на својата интелигенција, досетливост и креативност – нејзиниот живот е исполнет со многу победи.

Жената родена во овој хороскопски знак најчесто е висока и има долги нозе и елегантно држење. Секогаш делува уредно, горделиво и урамнотежено. Својот изглед сака да го украсува со накит и други модни додатоци, а ја сака и жолтата и портокаловата боја.

Сака да се истакнува во жолта и портокалова боја, но бојата која ќе ја катапултира во центарот на вниманието е златната боја, епитом на се што Лавицата сака и претставува: топлина, луксуз, театралност, посебност, воодушевување. Секогаш сака работите кои ги носи да се со најдобар квалитет, а кај нејзе не постои моден конформизам – таа сака да носи работи кои ги немаат другите.

Девојката Лав има огнен темперамент и … многу големо его. Ако се скарате со неа, таа нема да сака да отстапи, туку ќе ви каже сè што има да ви каже дури потоа и малку да жали. Додека изразува чувства, оваа жена е прилично бучна, но само по малку станува повторно слатка и мила.

Слични содржини