Заев се прости од Хаџиманов со песната „Љуби ме и главата горе“

од Берта Китинска
221 прегледи

Премиерот Зоран Заев преку својот Фејсбук се прости од Зафир Хаџиманов

-Со длабока тага ја примив веста за смртта на Зафир Хаџиманов.

Замина голем човек на кој сцена му беше целиот негов живот. Како музичар и естраден уметник, како филмски глумец и шоумен остави песни за паметење и оживотвори впечатливи ликови на филмското платно.

Годините не го запреа за да ги растегнува своите граници како уметник кој експериментираше со мултимедијални дела, со поезија и прозни записи.

Во нашите срца и сеќавања засекогаш ќе останат неговиот ведар лик и дух кој инспирираше и радуваше.

Замина, а зад него остана ехото на стиховите:

Многу дни пребродивме ние

како чун на немирно море

насмеј се на ветрот што бие

љуби ме и главата горе,

насмеј се на ветрот што бие

љуби ме и главата горе, напиша Заев.

На 78 годишна возраст, како резултат на компликации од болеста ковид-19, во Белград почина македонскиот уметник, пејач и композитор, Зафир Хаџиманов.

Хаџиманов по потекло е од Кавадарци, но долги години живееше во Белград каде беше во брак со српската пејачка Сенка Велетанлиќ-Хаџиманов. Тој, исто така, дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Со длабока тага ја примив веста за смртта на Зафир Хаџиманов.

Замина голем човек на кој сцена му беше целиот негов…

Posted by Zoran Zaev on Saturday, 27 March 2021