Бугарија ни испрати протестна нота, причината се книги

од Nikola Popovski
729 прегледи

Бугарската амбасада во Скопје му предаде протестна нота на нашето Министерство за надворешни работи.

Причината за тоа е што македонските царински органи не дозволиле влез во земјава на 920 книги за Бугарскиот културен информативен центар.

Министерството за надворешни работи на Бугарија наведува дека книгите под наслов „Бугарски народни песни на браќата Миладинови“ ги носел бугарски државјанин кој на граничниот премин Деве Баир покажал договор, со кој сака да ги донира до Бугарскиот културен информативен центар во Скопје.

Според изјавата од Бугарската амбасада, и покрај присуството на конзули од Амбасадата во Скопје на граничниот премин, царинските органи на С. Македонија изјавиле дека е неопходна дозвола на Министерството за надворешни работи со согласност на Министерството за култура.

Во протестната нота, Софија бара објаснување од Скопје зошто се бара дозвола да се донесе литература од земја на ЕУ и тврди дека тоа не е регулирано никаде и дека е апсурдно да се случи кога С. Македонија сака да се приклучи на Унијата.

Исто така, се наведува дека Бугарија ќе ги извести Европската комисија и амбасадите на членките на ЕУ во Скопје.

Претходно бугарското МНР реагираше и на анализи на ИФИМЕС од Љубљана, посочувајќи дека овој Институт бил на списокот на советници на премиерот Зоран Заев. Бугарското МНР соопшти дека македонскиот в.д. амбасадор е повикан на разговор поради кампања што ја водел ИФИМЕС од Љубљана против бугарските власти.

Слични содржини