Од Владата најостро ги демантираат информациите од албанските медиуми дека дел од министрите ја примиле преку ред вакцината против ковид 19.
-Најостро демантираме, не постои никакво вакцинирање министри! Ги повикуваме пратеникот и порталите кои ја шират оваа тешка дезинформација да се откажат од манипулациите со населението во овие моменти на тешка здравствена состојба во државата, информираат од Влада.
Најостро демантираме, не постои никакво вакцинирање министри! Ги повикуваме пратеникот и порталите кои ја шират оваа тешка дезинформација да се откажат од манипулациите со населението во овие моменти на тешка здравствена состојба во државата. pic.twitter.com/bWJ4WXGTMU
— Портпарол на @VladaMK (@portparolVRSM) March 29, 2021