Во Клубот на пратеници, започна закажана тет-а-тет средба на премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Нивната средба доаѓа по поканата која Мицкоски ја упати минатата недела по што премиерот Заев веднаш прифати и договорија термин.
Пред средбата премиерот Заев изјави дека очекува да се најдат заедничи решенија за пописот.
-Очекувам да најдеме заеднички решенија за пописот да се спроведе непречено, со целосна заштита на здравјето на граѓаните и на попишувачите и истиот да го поддржи и ВМРО-ДПМНЕ, изјави за МИА премиерот.