Воспоставен сообраќајот преку Суецкиот канал, чекаа 400 бродови

од Stefanija Kuzmanovska

По шестдневна блокада, сообраќајот беше повторно воспоставен преку Суецкиот канал и првите бродови пловеа од езерото помеѓу северните и јужните краци на каналот, каде беа блокирани 45 брода, пренесе ТАСС.

Еден од најголемите контејнерски бродови во светот „Ever Given“ го блокираше Суецкиот канал скоро една недела, откако се насука, а денес беше преместен на пловниот дел од каналот и „ослободен“ неоштетен, потврди претседателот на Управата на Суецкиот канал Осама Раби, објави египетската телевизија ТВ Нил.

Египетската телевизија објави дека повеќе од 400 бродови чекаат да поминат низ каналот, објави претходно „Ројтерс“.

Штетата предизвикана од оваа блокада на Суецкиот канал, низ која поминува и до 20 отсто од светската трговија меѓу Исток и Запад, се мери во милијарди долари.

Слични содржини