246
Денес ќе се состанеме со Комисијата за заразни болести, но мислам дека нови рестриктивни мерки ќе нема, изјави министерот за здравство Венко Филипче, пред почетокот на состанокот.
„Мислам дека нема да има нови мерки. Гледаме што се случува во многу други земји и во земји каде имаше поголеми рестрикции од нашата сега имаше исто така силен бран. Понатаму привремени одлуки за карантин од неколку дена не дадоа никакво ефект. Тоа оди во прилог на тезата дека кога има широко распространета локална трансмисија единствено што треба да се прави е да се почитуваат сегашните мерки“,изјави Филипче.