Заев: Тоа што се случи меѓу Пендаровски и Филипче за мене е слобода

од Берта Китинска
509 прегледи

Премиерот Зоран Заев денеска по средбата со координаторите на Алијанса и Алтернатива, ја искоментира вчерашната вербалната комуникација меѓу претседателот Стево Пендаровски и министерот Венко Филипче

– Тоа што се случи меѓу нив за мене е слобода. Здраво е да имеме несогласувања, но тоа не значи дека не се почитуваме. Нападот на претседателот е несоодветен, јас го почитувам претседателот многу и имаме одлична соработка. Не ни е лесно на никој во овие мигови, прашањето е што правиме во наоѓање на вакцини, изјави Заев.

Во однос на вакцинацијата во Србија, Заев рече дека за владата слободниот избор на граѓаните e најважен.

-За нас како влада е слободниот избор на граѓаните e најважен. Дaли ќе оди да прими вакцина во друга држава, државата нема да учествува во изборот на граѓаните. Но нема да дава дозволи за движење на полициски час за да се прими вакцина во Србија.Србија покажа огромен пријателски гест. Тие ги отворија граѓаните и рекоа дојдете да се вакцинирате. Денеска вакцинацијата е глобална проблематика и секоја помош е добродојдена. Може поединци да одат да се вакцинираат, но не може една цела институција.Видовме родители на пратеници, може има и некој политичар, но тоа е индивидуално. Не како институција, не како држава. Верувам дека слободата е придобивка што граѓаните ја имаат. Порано беше мисловна именка да се изговори така. И сметам дека е здраво да имаме различни мислења и несогласувања, но тоа не значи дека двајцата не се почитуваат меѓусебно, рече Заев.

Слични содржини