Вонредна координација во Собрание – ќе се обрати Џафери

од Берта Китинска
146 прегледи

Претседателот на парламентот Талат Џафери закажа прес-конференција во 14 часот, по денешната координација со пратеничките групи, откако премиерот Зоран Заев, по средбата со претставници на Алијанса/Алтернатива изјави дека конечниот збор за донесување на измените на Законот за попис го има парламентот.

Вчераа во Собранието беше доставен Предлог-законот за одложување на пописот, што беше усвоен на седница на Владата.

Пратеничките групи вчера до Собранието доставија измени на Изборниот закон во коишто се предвидува употреба на фингерпринт на локалните избори, како и пролонгирање на локалните избори за втората половина на октомври, поради одложување на пописот за септември.

 

Слични содржини