МВР распиша потерница: Кои се осомничените во предметот „Планина“ кои избегаа?

од Nikola Popovski
746 прегледи

Министерството за внатрешни работи ги објави меѓународните потерници по наркобосовите што се осомничени во истрагата за предметот „Планина“.

Полицијата досега уапси 21 лице, но главните успеале да побегнат, па денеска се распишани меѓународни потерници, а нивните фотографии се објавени на сајтот на МВР. Петмина од избеганите се од Грчец, а еден од нив е од Гази Баба. По сите се трага поради сомневање дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

„Бајрами Седат, од т. Абдиљ, м. Фазиле, роден 10.7.1989 година во Скопје, а живее во с. Грчец – Скопје, на ул. 5 бр. 18. Зендели Егзон, од т. Муамер, м. Зумрије, роден 10.9.2000 година во Скопје, а живее во с. Грчец – Скопје, на ул. 5 бр. 21. Љатифи Бесир, од т. Вазул, м. Назире, роден 30.9.1991 година во Скопје, а живее во с. Грчец – Скопје, на ул. 6 бр. 4. Љатифи Сенад, од т. Вазул, м. Назире, роден 14.7.1994 година во Скопје, а живее во с. Грчец – Скопје, на ул. 6 бр. 4. Муареми Иљаз, од т. Беџет, м. Фекрие, роден 1.9.1978 година во Скопје, а живее во с. Грчец – Скопје, на ул. 5  бр.3. Рогачи Исмаил, од т. Насер, м. Мируше, роден 8.3.1993 година во Скопје, каде што и живее на улицата Ордан Чопела бр. 75-а“, се имињата на наркобосовите по кои се трага, објавени на страницата на МВР. Дека се бараат со потерница, известен е и Интерпол.

Наркобосовите избегаа, а за акцијата, обвинителката рече дека била пробиена. Тие успеале со себе да ја понесат и дрогата, а во моментот на спроведување на акцијата локациите каде што се чувала биле исчистени. Во акцијата не се запленија ниту најлуксузните возила што ги поседуваат водачите на групите, а пронајдени се само клучевите од нив.

Слични содржини