Вицепремиерот и партиски секретар во ДУИ, Артан Груби, денеска на својот фејсбук профил објави дека за времето на владеењето на ДУИ, со македонско државјанство се стекнале 13.000 Албанци.
-Досега, над 13.000 Албанци граѓани на Македонија добија државјанство, додека вкупно се во постапка уште 2.674 апликации, вклучително и на сите други заедници. Дури и ако има само едно единствено лице без државјанство кое ги иполнува условите , ќе добие државјанство, напиша Груби на фејсбук.
Објавата на вицепремиерот Груби е своевиден одговор на предложениот закон за државјанство од страна на Алијансата за Албанците и Алтернатива.