„Да бидеме прецизни, четвртокот-ден пред разговорот со Метју Палмер, го повикав Заев на лидерска средба, имајќи ја во предвид ситуацијата во државата“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за емисијата „Клик плус“, одговорајќи на прашањето дали разговорот со Палмет е пресуден за конструктивноста од негова страна.
„Јас со Палмер се слушнав наредниот ден петок и разговаравме за повеќе теми, кои што се актуелни во земјата, како ковид-пандемијата, законот за државјанство, пописот, односите со Бугарија…“, потенцира Мицкоски.
За лидерската средба со Заев, тој вели целта им била да спасат што повеќе човечки животи.
„Успеавме на момент да влееме доверба кога политичарите можат да бидат надвор од нивната матрица“, посочи Мицкоски.