По натпреварите за репрезентациите, фудбалерите се враќаат во своите клубови, а оние кои не беа со репрезентациите, тој период го искористија за да се релаксираат.
Некои се чини дека отидоа малку предалеку во тоа.
Имено, тројца фудбалери на Јувентус беа казнети од клубот, за организирање корона-забава.
Се работи за Артур, Пауло Дибала, Вестон Мекена и веќе е познато каква цена ќе платат за оваа непромисленост – тие нема да бидат во протоколот за саботното дерби против Торино.
– Тројцата играчи кои учествуваа во епизодата од пред три вечери (Артур, Дубала, Мекена) нема да играат утре, објави во петокот Андреа Пирло, најавувајќи го „Дерби Дела Моле“.
Според италијанските медиуми, забавата се одржала во вилата на Мекена во Торино, а полицијата упаднала по пријава од соседите, половина час пред полноќ и ја прекинала.
Тројцата играчи сепак проговорија и истакнаа дека не станува збор за забава, туку за обична вечера, но тие не се жалеа на одлуката на Андреа Пирло. Исто така, споменатите фудбалери ќе треба да платат по 400 евра, а против нив ќе бидат поднесени пријави за отпор кон полицијата, бидејќи не сакале да ја отворат вратата повеќе од еден час.