Благородна од Штип, којашто престојува во Специјализираната болница Геријатрија во Скопје денекса го прослави својот 100 роденден.
– Среќен 100 ти роденден баба Благородна од Штип, да си жива и здрава, од сѐ срце ти посакува тимот од ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина 13 Ноември Скопје. Таа има 1 ќерка, 3 сина, 8 внуци и 14 правнуци, вели дека тие се нејзиното најголемо богатство. За жал, физички не можеше да го прослави со нејзиното семејство (забранети се посетите, заради заштита од ковид-19), но заедно пеевме и виртуелно искомунициравме, напишаа вработените од болницата на Фејсбук.
Среќен 100 ти роденден 🥳 баба Благородна од Штип, да си жива и здрава😇од се срце ти посакува тимот од ЈЗУ Спец. болница…
Posted by Специјализирана Болница Геријатрија on Monday, 5 April 2021