Заев: Оставката не е проблем, горчината е секаде во душите

од Берта Китинска
205 прегледи

На прашањето кој треба да ја поднесе одговорноста премиерот Зоран Заев рече дека оставката и барањето на одговорност во овие моменти нема да ја смени здравствената состојба.

-Кажете каква одговорност и која да ја поднесе…Заев, Филипче, доктор Милена, доктор Лилјана од Струмица, кажете ја слободно кој треба да си ја поднесе оставката, ако мислите дека на овој начин барањето за одговорност ќе ја промени здравствената состојба апсолутно тоа нема да се случи. Оставката не е проблем , горчина е секаде во душите. Нема потреба никој да понесе одговорност. Сите се херои од министерството за здравство до последниот здравствен работник. Јас ќе делам буквално ордени за сите. Тука сме да им служиме на граѓаните, тоа е чест и одговорност во овие тешки моменти. Да носиме предвреме мерки и да правиме штета на економијата нема потреба. Еве сега носиме мерки кога треба, рече Заев.