Шилегов: Не постојат механизми како да ги отстраниме патниците во автобусите кои не носат маски

од Nikola Popovski
227 прегледи

„Официјалните лица кои се вработени во ЈСП немаат надлежност да казнуваат лица кои во јавниот превоз не носат маски, туку само оние кои немаат билет за превоз. Не постојат механизми како да ги отстраниме тие патници кои не носат маски и не ги почитуваат здравствените мерки“, изјави денеска градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.

Тој соопшти дека автобусите се полни согласно препораките на Комисијата за заразни болести, до 75 проценти.

„Онаму каде што гледаме дека има потреба да се интервенира, го појачуваме превозот. Ние ги влечеме параметрите секојдневно, буквално секој ден, од аспект на број на билети и патници. Се уште превезуваме за околу 60 проценти помалку патници, отколку што сме превезувале пред пандемијата, рече градоначалникот на прес-конференција во одговор на новинарско прашање околу непочитувањето на антиковид мерките во автобусите“, изјави денес Шилегов.

 

Слични содржини