Премиерот Зоран Заев, откако ја добивме донацијата од 20 илјади Спутник вакцини од Србија, најави дека српските туристи ќе бидат ослободени од плаќање патарини на патувањето низ земјава како благодарност за вакцините.

Тој рече дека ќе им се даваат картички на сите возила со српски регистарски таблички, но не кажа во кој период би се реализирала активноста.

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка Љупчо Јаневски побара хотелиерите, угостителите, како и општините и институцииите од културата поврзани со туризмот да обезбедат попусти или бесплатен паркинг и бесплатен влез во музеите за овие туристи

Преку фејсбук пост, директорот на Агенцијата за туризам ги повика туристичко – угостителскиот сектор и општините да овозможат попусти за српските туристи.

Тој предлага бесплатни влезници за сите музеи, бесплатен паркинг во сите градови, попуст во сите угостителски објекти, попуст во сместувачките капацитети и брз трансвер на граничните премини за српските туристи кои ќе дојдат во земјава.

„Туризмот не познава државни граници, туку дестинации кои се протегаат до каде имаат интерес туристите да посетуваат одредени атракции. Многупати сум потенцирал дека целиот Балкан преставува една туристичка дестинација и во овие тешки времиња сме си потребни едни на други како никогаш досега за да спасиме животи, туризмот и економиите на нашите земји. Затоа почитта, разбирањето и солидарноста треба да биде најголем чин во ова време – невреме кое се надвиснало над сите ,а мислата на мајка Тереза да не води напред. Не сме сите створени да правиме големи работи. Но, затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов.Бидејки подадената рака во тешките моменти никогаш не треба да биде заборавена!“, напиша Јаневски на неговиот фејсбук профил.

Слични содржини