Премиерот Зоран Заев уште еднаш повтори дека ќе се најде решение за законот за државјанство и апелира секој да ја исполни сопствената одговорност.
-Очекувам оваа недела ако може да се заврши. Повторно ја испраќам пораката сите да го завршиме својот дел од одговорноста пред нашите граѓани и да не ги залекуваме било кои суети ставови на грбот и на штета на граѓаните. Изразивме јасни ставови на работната средба со претставниците на Алијанса на Албанците и Алтернатива. Го видоа нашиот дух и спремност дека овој закон ќе го поддржиме, решението ќе го изнајдеме во тој дел како е тоа најдобро прифатливо за да се реши статусот и да добијат државјнаство граѓаните кои немаат. Затоа апелирам да се ослободат ден порано законите зашто не правиме никому добро, а останува целосната наша посветеност за изнаоѓање трајно решение за добивање државјанство, рече Заев.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ најавуваа повлекување на амандманите на Законот за државјанство и очекуваат истото да го направат пратениците на Алијансата за Албанците и Алтернатива за да се одблокира донесувањето на петиот пакет мерки за помош на стопанството.