Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје е хоспитализран 81 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 698 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информираат од министерстерство за здравство.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 40 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 16 примени пациенти и 6 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 3 нови болни и 12 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 4 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 58 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 147 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 7 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 38 болни.
Вкупно 698 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1042 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 125 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 94 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 99 болни, а во Куманово 90 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 136 во ковид центарот во Гостивар 47, а во Струга 20 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 118 пациенти, во Кочани 35 во Кичево 36, Кавадарци 70, а во Гевгелија 24 лица позитивно и суспектно на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1740 и има околу 260 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 60 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.