Последните случувања со сложената полициска акција за сузбивање на криминална група која незаконски издавала македонски пасоши потврдија дека Христијан Мицкоски е на браникот на криминалот, на страната на криминалците, на спротивната страна од полицијата и правдата, велат од СДСМ.
Оттаму додаваат дека Мицкоски недозволиво пласирал информации со цел да ја саботира акцијата и натамошната истрага.
-Осуетените обиди на Мицкоски за саботажа на полициската акција и загрозување на истрагата, сега треба да бидат предмет на интерес и на Јавното обвинителство.
Јавноста со право очекува соодветна реакција.Одговорност мора да има за оние кои го прекршиле законот, за оние кои на каков било начин, помагале во тоа или ја саботирале акцијата.
Пропадна уште еден во низата обиди на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја попречат правдата, да ги одбранат криминалците.
Колку и да е неприфатливо за Мицкоски, државата, надлежните институции остануваат посветени на бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, се вели во соопштението на СДСМ.