Рускиот амбасадор Сергеј Баздникин денес од Штип даде изјава во врска со процесот на достава на руската вакцина Спутник V во Македонија.
„Договорот со рускиот фонд за директни инвестиции е потпишан во март за 200.000 руски вакцини и тие ќе пристигнат во земјава. До денес испорачани се 6.000 дози. Во моментот се работи за испораката на преостанатите количини од препаратот“, рече Бездникин, кој сепак не го посочува точниот датум на испорака.
Рускиот амбасадор потенцира дека Спутник V е апсолутно безбедна, нејзината ефикасност е повеќе од 90 отсто, а ефикасноста за спречување на компликации од коронавирусот е 100 проценти.
„Руската страна доследно ќе ги исполнува своите обврски од договорот за да обезбеди испорака на вакцините во вашата земја“, потенцира тој.