Премиерот Зоран Заев испрати длабоко сочувство до британската кралица Елизабета Втора, по повод смртта на нејзиниот сопруг, принцот Филип.
„Во име на сите граѓани и во име на Владата на Република Северна Македонија, изразувам длабоко сочувство до Нејзиното Височество Кралицата Елизабета II, нејзиното семејство и граѓаните на Обединетото Кралство за смртта на Неговото Височество, Принцот Филип, Војвода од Единбург“, објави Заев.