УЕФА се сомнева дека 6 натпревари во Србија биле наместени во последниот месец

од Stefanija Kuzmanovska
354 прегледи

Вчера Фудбалскиот сојуз на Србија официјално потврди дека повторно добил писмо од УЕФА во кое се изразува сомневање дека два натпревари во Суперлигата биле наместени во март.

„Данес“ од извори блиски до европската „куќа“ на фудбалот дознава дека се сомнева дека дури шест натпревари биле наместени само во последниот месец, дали поради заработка од обложувалници, или поради вообичаеното подарување на бодови по системот три за три бодови – клуб кој обезбедил престој во лигата намерно губи од оној на кој му требаат бодови, а со тоа враќа за претходната „услуга“ од ист вид. Или враќањето ќе дојде следната сезона.

Натпревари за кои постои сомневање за местење поради давање поени се Младост – Златибор (0:2), Рад – Радник (2:0) и Рад – Војводина (2:0).

Натпревари за кои се сомневаат дека се наместени со плаќање огромна сума пари во азиските обложувалници за нивниот исход и бројот на голови, наводно се: Мачва – Пролетер (3:1), Младост – Раднички Ниш (4:1) и Нови Пазар – Пролетер (5:0), иако вториот дури може да потпадне под двата критериума.

Да потсетиме и дека натпреварот Рад – Радник, кој се одигра на 21 март, беше повлечен од билтените за обложување непосредно пред почетокот на мечот.

„Спорт клуб“ вчера објави и дека има потврда дека од УЕФА е доставен список на играчи од одредени клубови за кои постои сомневање дека учествувале во местењето.

Слични содржини