229
Има доволен капацитет слободни болнички кревети, се уште трае системот на ротација, координацијата во врска со приемите на пациенти помеѓу институциите, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Тој кажа дека бројката на денешните новодијагностицирани е околу 300, но тоа, како што вели, е очекувано, бидејќи секогаш во недела има помалку направени тестови.
– Утрешниот ден ќе биде навистина некаков репер дали тој тренд на намалување на новодијагностицирани што беше и траеше во текот на изминатата недела ќе продолжи, нешто што е многу значајно и во однос на тоа како ќе пристапиме во делот на препорака за натамошните превентивни мерки, така и во делот на планирање на болничките капацитети, рече Филипче.