Хрватски фудбалер почина средe натпревар

од Stefanija Kuzmanovska
401 прегледи

Нова трагична смрт на фудбалер во регионот.

Фудбалерот на Оток, Дејан Оршуш (24) почина за време на натпреварот во втората регионална лига против Раднички.

Тој се сруши на теренот на натпреварот што се играше во неделата, а подоцна беше утврдено дека имал срцев удар.

Итно бил пренесен во болницата во Чаковец, но не успеале да го спасат и лекарите прогласиле смрт.

Овој фудбалер зад себе остави дете и жена, која се наоѓа во петтиот месец од бременоста.

„Ние сме длабоко тажни да ве известиме дека играчот на ФК Оток, Дејан Оршуш, почина вчера откако се сруши за време на натпреварот. Многу брзо пристигна и медицинскиот персонал, кој се обидуваше да го оживее 25 минути на теренот. Тој беше забавно момче, талент за фудбал, одличен играч и уште поголем пријател! Зад себе остави жена во петтиот месец од бременоста и дете. Му благодарам за сите голови, помошта на клубот и за подигање на расположението додека на играчите им беше најтешко! Секогаш во нашите мисли“, напиша неговиот клуб Ф.К Оток од Оток, мало гратче во Межимурје.

[Posljednji pozdrav]
našem uvijek vedrom i nasmijanom Dejanu, hvala ti za sve lijepe zajedničke trenutke koje si proveo…

Posted by Nk "Otok" Otok on Monday, April 12, 2021

Слични содржини