„Имавме успешна средба, имавме напредок во разговорите. Како основа на претходната средба, двете страни дојдоа подготвени и верувам дека до крајот на неделата ќе можеме да финишираме со Законот за државјанства“, изјави премиерот Зоран Заев по средбата со Алијанса/Алтернатива, на Зијадин Села и Африм Гаши.
„Ги отворивме сите важни прашања, заокруживме доминатни европски пракси. Годините за стекнување на државјанство кај нас е престој од осум години, имаме европски земји каде што имаме пет, седум, десет години. Ќе се извади еден просек, и согласно Европската Унија ќе се формира една бројка“, рече премиерот.
Заев дополни дека денешниот договор да биде доволна причина, ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ги повлечат амандманите за Законот, а коалицијата Алијансата за Албанците и Алтернатива до дозволат носење на петтиот пакет мерки за поддршка на стопанството.