Меркел предупредува: Најтешкото допрва доаѓа

од Vladimir Zorba

Германската канцеларка, Ангела Меркел денес изјави дека стапката на инфекција со коронавирус во Германија во моментов е превисока и дека третиот бран на пандемијата ќе биде можеби најтешкиот.

Таа посочи дека капацитетот за производство на вакцини во Европа и Германија мора значително да се зголеми.

„Тестирањето ќе ни помогне да изградиме мост, сè додека вакцинацијата не започне да дава резултати“, рече Меркел.

Канцеларката рече дека развојот на германската економија ќе зависи од тоа дали државата ќе може да ја држи стапката на инфекции под контрола.

Германија жестоко се бори против коронавирусот, со месеци има целосна блокада во земјата.

Досега се пријавени вкупно 3.009.541 случаи во земјата, додека 78.964 лица ја загубија битката со вирусот.

Слични содржини