Во Баерн, тренерот Ханси Флик и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ се во конфликт подолго време, а никој од играчите освен капитенот Мануел Нојер не зборуваше на оваа тема.
Пред две недели германските и светските медиуми кои ги следат настаните во баварскиот клуб објавија дека Флик кажал дека поради легендата на „баварците“, на крајот од сезоната добро ќе размисли дали ќе остане во клубот.
Веќе не е тајна дека односот помеѓу тренерот и спортскиот директор е сериозно нарушен. Флик сака поголема моќ кога станува збор за трансферите, а Салихамиџиќ инсистира тој да биде клучна личност кога станува збор за пристигнувања и заминувања од Баерн.
Раководството е на страната на Салихамиџиќ затоа што во Баерн отсекогаш било правило дека за трансферите се одговорни од управата, а работата на тренерот е да собере што повеќе победи со играчите што му се на располагање.
Синоќа претседателот на германскиот шампион, Херберт Ханер зборуваше за сè, тврдејќи дека конфликтот бил преголем од медиумите и дека не било сè како што изгледало на почетокот.
„Ние сме мирни и опуштени. Ова не е ниту прва, ниту последна возбуда во Баерн. Сè нешто се пишува и секој го толкува тоа како што сака”, изјави Херберт за Скај и се обиде да ги изедначи работите: „Повторувам, не сакам да бидат љубовници, но мораат да соработуваат добро заедно и тоа го прават“.
Ниту еден од играчите на Баерн, освен капитенот Мануел Нојер, не ја коментираше оваа тема. Дури и Томас Милер избегна да зборува за тоа, но не и искусниот голман.
„Важно е да се концентрираме на нашиот тим и нашиот фудбал. Сè што ќе произлезе од тоа, треба да го оставиме настрана затоа што ни треба само позитивна атмосфера. Потребна ни е позитивна енергија и треба да ја искористиме на теренот. Потребен ни е малку повеќе мир околу нас, тоа би било добро“, рече Нојер.
Сега на Баерн му претстои бурен период. Утре од 21 часот играат против Пари Сен Жермен на „Паркот на принцовите“ во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите откако загубија со 3:2 на домашен терен.
Германскиот шампион изненадувачки испадна од второлигашот Кил во Купот на Германија во јануари, додека на шампионатот на шест кола пред крајот има пет бода повеќе од РБ Лајпциг.
Во последното коло од Бундеслигата на домашен терен, Баерн ремизираше против Унион Берлин (1:1) и ја зголеми драмата пред завршницата.
Затоа Нојер вели дека на тимот му треба мир.