Наместо да седи во домашна изолација, гостиварец тргнал за Швајцарија

од Берта Китинска
205 прегледи

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 42-годишник од село Неготино, Врапчиште, на кого со Решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат му била определена задолжителна домашна изолација во траење од 20 дена, на 18 февруари остварил излез од државата преку граничниот премин „Табановце“ и се упатил кон Швајцарија.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на Судот да определи парична казна за обвинетото лице кое не ги почитувало здравствените мерки.​​

Слични содржини