309
Бројот на хоспитализирани во Битола расте и достигна 149 болни од ковид -19. Поради големиот број пациенти од регионот кои се на кислородна поддршка, рекордно зголемена е потрошувачката на кислород до три тони дневно. Сепак, од болницата велат дека резерви имаат доволно. Инаку, од сите градови во внатрешноста во Ковид-центарот во Битола има најголем број хоспитализирани пациенти. Следи Прилеп со 125 пациенти со ковид-19 кои се на лекување во Прилепската болница.
Според последните податоци од Министерството за здравство, на Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава лежат 1.768 болни и има околу 300 празни болнички кревети во Ковид-центрите.