292
Земјотрес со јачина од 5,1 степени е регистриран на 38 километри од грчкиот остров Кос и на 166 километри од турскиот град Ајдин, објавен е на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот е регистриран на длабочина од десет километри.
Според жителите на островот Кос, локалното население во паника ги напуштило своите домови, а потресот бил силен, но краток.
По ова, забележани се уште два слаби земјотреси со јачина од 3,4 степени.