МАПА: Во овие градови има најголемо процентуално зголемување на бројот на заболени

од Берта Китинска
313 прегледи

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) починале 276 лица или 16 повеќе од една недела претходно.

Заболените биле од сите возрасни групи, а најзастапени биле граѓаните над 60 години (30,7 проценти). Голем број на заболени се регистрира и во возрасните групи од: 50-59 години (18,1 отсто), 40-49 години (17,5 проценти), 30-39 години (17,1 отсто) и од 20-29 години (10,4 проценти). Најмалку од новозаразени се кај децата од 0-9 години (1,6 отсто) и кај деца и тинејџери од 10-19 години (4,6 проценти).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Прилеп, Куманово, Тетово, Битола и Велес, додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Крушево и Охрид. Највисок леталитет се регистрира во Крушево и Струга.

Најголемо процентуално зголемување на бројот на заболени се забележува во Македонска Каменица, Дојран, Кичево, Битола, Виница, Струмица и Ресен, а најзабележително намалување има во Крушево, Пехчево, Неготино и Демир Капија кога се анализираат двата двонеделни периоди.

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Кавадарци со 11.256,2 на 100.000 жители, Неготино (10.619,2/100.000) и Скопје (10.253,4/100.000), а најниска инциденца со 2.823,9 заболени на 100.000 жители се регистрира во Македонска Каменица.

Слични содржини