Адвокатот на Марадона откри кој извлекол најмногу пари од Диего во последните години од неговиот живот

од Stefanija Kuzmanovska
497 прегледи

Матијас Морла, адвокатот на легендарниот Диего Армандо Марадона, откри колку пари потрошил славниот фудбалер од 2014 година до неговата смрт.

Верувале или не, прославениот Аргентинец за шест години потрошил дури 4,7 милиони евра, а сè отишло кај луѓето од неговото најблиско опкружување.

Адвокатот ги сочувал сите сметки што Марадона ги направил во тој период.

Луксузни патувања, подароци, накит, телефони… а најмногу го чинела неговата поранешна сопруга Росио Олива.

Ел Пибе потрошил дури 1.410.882 долари на 30 години помладата избраничка. Потоа следи Вероника Охеда, исто така поранешна девојка на Марадона со 910.638 долари, додека неговата прва сопруга Кладуја Вилафане доби нешто помалку (900.000). Неговите ќерки Далма и Џанина добиле 554.000, односно 500.000, додека Диего Јуниор 77.879 долари.

Слични содржини