Германски експерт: Полицискиот час е контрапродуктивен

од Nikola Popovski
255 прегледи

Германскиот експерт за аеросоли, Герхард Шојх смета дека полицискиот час, од епидемиолошка гледна точка, е контрапродуктивен.

Шојх за телевизијата „WDR“ изјавил дека планираните федерални мерки, кои вклучуваат полициски час од 21 до 5 часот наутро, не се добри.

Поранешниот претседател на Меѓународното друштво за истражување на аеросоли, истакнал дека ова само ги принудува граѓаните во затворени простори, кои се помалку безбедни од епидемиолошка гледна точка.

„Ако воведеме полициски час, тогаш им предлагаме на граѓаните – внимавајте, надвор е опасно. Сепак, случајот е токму спротивното “, подвлекол тој.

Шојх посочува дека е поопасно ако граѓаните поминуваат повеќе време во затворени простории.

Слични содржини