Грција воведува полициски час во вториот по големина град

од Nikola Popovski

ГРЦИЈА ќе воведе полициски час и ќе забрани музика во баровите, кафулињата и рестораните во Солун, нејзиниот втор по големина град по порастот на случаи на Ковид-19, објави тамошната влада.

Инфекциите се стабилизираа низ целата земја, но бројот на случаи во северна Грција се зголеми.

Министерството за цивилна заштита објави дека во Солун и поширокиот регион, како и во соседниот регион Халкидики и во градот Лариса, ограничувањата од 4 -ти степен ќе бидат на сила од 1 октомври и ќе траат една недела.

Грција минатата година ја помина првата фаза на пандемијата подобро од многу други земји, но оваа година има зголемување на бројот на случаи.

Во Грција, беа регистрирани 2.232 нови инфекции, а 33 лица починаа во четвртокот, со што вкупниот број случаи од почетокот на пандемијата се искачи на 655.767, а смртните случаи на 14.828.

Во земјата од 11 милиони досега беа примени повеќе од 12 милиони први дози на вакцината. Околу 58 проценти од Грците се целосно вакцинирани и владата се надева дека ќе го зголеми бројот на вакцинирани лица на 70 проценти, што би ги зголемило шансите за градење колективен имунитет.

Фото: Aivita Arika/Shutterstock

Слични содржини