Се поголем хаос: Владата на Хаити ги продолжи вонредната состојба и полицискиот час

„Луѓето со оружје во суштина се актуелните контролори на политиката на Хаити. Бандите засега ја добиваат битката,“ изјави политичкиот експерт од Универзитетот во Вирџинија, Роберт Фатон.

од Бети Божиноска
228 прегледи

Владата на Хаити соопшти дека ја продолжила вонредната состојба и ноќниот полициски час во обид да ги намали нападите на бандите кои го парализираа главниот град Порт-о-Пренс, пренесува АП.

Првичниот тридневен полициски час беше најавен за време на викендот, но бандите продолжија да ги напаѓаат полициските станици и другите државни институции во текот на ноќта и покрај напорите на полицијата да го смири насилството со ограничен персонал и ресурси.

„Луѓето со оружје во суштина се актуелните контролори на политиката на Хаити. Бандите засега ја добиваат битката,“ изјави политичкиот експерт од Универзитетот во Вирџинија, Роберт Фатон.

Нападите почнаа пред една недела, веднаш откако премиерот Ариел Анри се согласи да се одржат парламентарни избори во средината на 2025 година додека присуствуваше на состанокот на лидерите на Карибите во Гвајана.

Во меѓувреме бандите запалија повеќе полициски станици, пукаа на главниот меѓународен аеродром, кој остана затворен, а упаднаа и во двата најголеми затвори на Хаити и ослободија повеќе од 4.000 затвореници.

Неколку десетици луѓе, меѓу кои има и полицајци, се убени во текот на неодамнешните напади на бандите. Насилствата оставија без домови повеќе од 15.000 луѓе на веќе постоечките 300.000 луѓе кои останаа без домови поради војните меѓу бандите во изминатите неколку години.

Има извештаи дека бандите вчера пљачкосувале контејнери полни храна во пристаништето во Порт-о-Пренс поради што жителите на градот се загрижени дека храната во главниот град,но и во остатокот од земјата, наскоро ќе биде во недостиг.

„Ако не добиеме пристап до тие контејнери, Хаити наскоро ќе гладува,“ предупреди Лоран Увумуремији, директор за егионот на Хаити во глобалната невладина организација „Мерси корпс“.

Слични содржини