СДСМ: Се распаѓа подрумот за манипулации на ВМРО-ДПМНЕ, издиша рециклираната лага пласирана преку медиумите

од Берта Китинска
192 прегледи

Се распаѓа подрумот за манипулации на ВМРО-ДПМНЕ откако синоќа издиша уште рециклирана лага пласирана преку медиумите блиски до белиот дворец.Ова утро Инфомакс, Курир и Нетпрес се будат фатени во лага за наводна навака на респиратори од Бразил, стои во соопштението на СДСМ.

-Вистината е дека нту се исплатиле пари за посочената набавка која се споменува во објавите на медиумите блиски до опозицијата, ниту било што од напишаното во текстот е точно.Министерството за здравство никогаш нема потпишано договор за набавка на респиратори од Бразил ниту воопшто има донесено одлука за таква набавка, велат од партијата.

Оттаму додаваат дека владата  како и Министерството за здравство, не кријат ништо.

-Респиратори, а не барок и споменици, не жални врби и егзотични палми како што набавуваше ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е разликата што граѓаните ја гледаат. Едно е работа за државата и граѓаните, друго е забеганост и криминал, одликата на ВМРО-ДПМНЕ.А што се однесува до последните пласирани лаги, фирмите кои стојат зад овие портали треба да објават дали и колку пари редовно примаат од шемата за нелегално финансирање на медиуми со унгарски црни пари како што објавија словенечки медиуми, стои во соопштението.

Слични содржини