„Во моментов не ни треба ниту една нова нарачка на вакцини бидејќи според планот имаме обезбедено 2,6 милиони вакцини“, рече министерот Венко Филипче одговарајќи на прашањето дали земјава ќе нарача од вакцините против Ковид-19 од Србија.
„Торлак“ е единствената фабрика од областа на фармацијата во регионот која има можност за стерилно производство на тие ампули во пакување како вакцините. Нема ниту една друга компанија која тоа може да го направи. Но, нас во овој момент не ни треба ниту една нарачка повеќе затоа што според планот како што е димензиониран и сите договори, ние имаме обезбедено 2,6 милиони вакцини“, рече Филипче.
Филипче најави дека на 28 април се очекува и најголемата пратка вакцини досега од 200 илјади кинески вакцини, а повтори и дека до крајот на месецот ќе стигнат и 20 илјади дози од компанијата „Фајзер“.