Угостителите најавија протест, Владата работи на шестиот пакет мерки

од Берта Китинска
159 прегледи

Пред Владат утре треба да се одржи протестот организиран од  туристичко-угостителскиот сектор.

Тие бараат еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на Влада, како и мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојна банка, сè додека не почнат да работат без рестрикции.

– Секторот се наоѓа во исклучително тешка состојба и доколку итно не се обезбедат економски мерки за финансиска поддршка, ќе се соочи со целосно уништување, предупредува Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори.

Вчера вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски во своето гостување на Сител телевизија најави дека во вторник, на следната владина седница, ќе биде предложен новиот пакет мерки кои ќе ги опфати сите субјекти кои беа затворени во изминатите 14 дена.

– Ќе бидат донесени, нови десетина мерки во интерес и на компаниите и на граѓаните, најави Николовски.

Вчера Собранието едногласно, ги донесе законите од петтиот пакет економски мерки.

Слични содржини