СДСМ: Поразени се блокадите на опозицијата, поддршката за исплата на плати пристигнува кај граѓаните

од Nikola Popovski
265 прегледи

Владеачката СДСМ соопшти дека поддршката за исплата на плати за месец февруари и март деновиве започнува да пристигнува кај граѓаните, а блокадите, лагите и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата, одново се поразени.

„Разликата е очигледна.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ стори сѐ помошта што е обезбедена со мерките од Владата, да стигне до граѓаните на кои им е потребна, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата правеа сѐ законите да не се донесат, мерките да се одолговлекуваат и десетици илјади работници да останат без плати.

Уште еднаш се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата работат за сопствени интереси, на штета на граѓаните и државата“, велат од СДСМ и додаваат дека токму поради ова ВМРО-ДПМНЕ шестпати по ред е казнето од граѓаните на избори и уште долго ќе остане во опозиција.

Контроверзната разрешница на петтиот пакет антикризни мерки за чие гласање во Собранието по два ипол месеци блокади и уцени беа ангажирани и пратеници во скафандери, предизвикува бура од реакции во јавноста. Социјалните мрежи вријат, политиката се препукува, се множат обвинувањата и закани околу легалноста на процесот.

Власта тврди дека целиот процес е легитимен и согласно усвоениот протокол за работа на парламентот во услови на пандемија. Опозицијата реагира за тероризам, повреда на законите и бара одговорност. Сепак потегот на шефот на државата Стево Пендаровски, кој експресно стави потпис на указите за пакетот закони ги расчисти дилемите и го отвори патот за операционализација на мерките.

Слични содржини