Грција ги отвара границите за српските граѓани со одредени ограничувања

од Берта Китинска
392 прегледи

Границите со Грција за српските државјани официјално се отворени утрово во 8 часот, дури и ако летната сезона не е официјално започната.

Граѓаните на Србија можат да патуваат во Грција со потврда за вакцинација или со негативен тест за PCR не постар од 72 часа, но секој патник мора да го пополни и образецот PLF (Формулар за локација на патникот) 24 часа пред патувањето.

Она што исто така треба да се нагласи е дека епидемиолошките мерки во Грција се построги, а тие важат и за сите гости.

Вакцинацијата поевтина од тестот за PCR

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, изјави дека нема одговор на прашањето дали цената на тестот ПЦР, кој чини 9000 динари, може да биде пониска за домашните граѓани, бидејќи таа одлука ја донесува Владата на Србија.

– Мислам дека е многу поевтино да се вакцинира едно семејство, бидејќи не чини ништо – рече Весиќ како гостин на ТВ Прва.

Ограничено движење

Засега, туристите нема да можат да се движат низ Грција, но ќе бидат обврзани да одат само на местото каде што резервирале сместување. Српските патници можат да преминат на два гранични премини со Бугарија – Промахонас и Нимфеја.

Сето ова важи до 14 мај, кога официјално започнува летната сезона.

Слични содржини