„Најважно е што се донесе пакетот мерки, кои ќе помогнат да се справиме со пандемијата“, вели универзитетскиот професор Никола Дујовски за вчерашниот настан во Собранието кога позитивни пратеници со Ковид-19 дојдоа да гласаат за усвојување на петтиот пакет мерки.
Според него, на граѓаните им значи тоа што вчера бил изгласан Законот за исплата на плати.
„Начинот на кој што се прави направи сето тоа, за жал покажува дека ние ние сме се уште незрела демократија, дека нивото на политичка култура во општеството не е на повисоко нив и за жал договорените работи кај нас никогаш не можат да се завршат, како што е договорено. Можеби е време да се размислува за сериозна промен ана процесите за избор на пратеници, градоначалници, членови на општинските совети итн. Вчера никој не изгуби, граѓаните добија, а останатите останавме разочарани, затоа што двете најголеми партии не се сложни во такви тешки времиња“, посочува Дујовски за емисијата „Студио 10“.