Жителите од Ново Маало со петиција бараат да се овозможи изградба на комплексот на паркингот кај „Холидеј Ин“

од Берта Китинска
524 прегледи

Жителите од Ново Маало информираат дека викендов почнале масовно да собираат  потписи за петиција со која ќе побараат од Општина Центар и Владата да постапат согласно законите и да овозможат изградба на комплексот кој е предвиден да се гради на паркингот на Холидеј Ин.

-За само еден ден успеавме да собереме 250 потписи од сопственици на имот и со оваа петиција, даваме целосна поддршка на инвеститорот, а преку истата, и најостро ги осудуваме најавите и барањата на поединци, организации и институции за стопирање на проектот.Крајно сме револтирани од предлозите за суспензија на планот и притисокот за ова кој го прават луѓе кои живеат во удобни домови, наспроти жителите на Ново Маало кои со децении живеат во услови кои ни одблиску не наликуваат на хумано домување, велат од жителите од ова скопско маало.

Оттаму велат дека доколку дојде до таква постапка, подготвени се да излезат на протест и да ја блокираат работата на Општина Центар  на цивилизиран начин, како и да поднесат тужба до надлежните органи за претрпена штета од 1930 до 2021 година, но и до Стразбур.

-Воедно сакаме да ги известиме и останатите сопственици на имот кои не дошле до информација за петицијата, а сакаат да се потпишат на истата, да се обратат на меил адресата [email protected]  за да го изразат својот интерес, велат жителите од Ново Маало.

Слични содржини