Жителите на Ново Маало: Поддршката за протестите на „Зелен Хуман Град“ е еднаква на нула

од Nikola Popovski

Жителите на Ново Маало реагираа на денешниот протест на „Зелен хуман град“ и „Шанса за Центар“ против градењето на висококатницата спроти „Холидеј Ин“. Според нив, протестот на лажните активисти не бил поддржан ниту од самите нивни членови.

-Овие неколку луѓе кои денес протестираа имаат за цел да вршат притисок врз обвинителството и другите институции, а буквално немаат ништо со активизмот или заштитата на животната средина. Ако беа вистински активисти ќе ја поддржеа идејата да се изгради голем парк на местото на паркингот каде сега освен уништен бетон нема ништо друго. Ако беа вистински активисти, ќе нè поддржеа нас граѓаните да ги решиме нашите проблеми и во 21 век да живееме достоинствено – токму како што Јана Белчева ужива во удобноста на својот стан откако си го продала имотот на Водно каде сега никнува зграда, стои во соопштението.

Според граѓаните, тие моментално во сред Центар немаат канализација и основни услови за живот.

-Да беа вистински активисти, ќе застанеа зад правдата, а не да вршат неоснован притисок заради своите политички интереси да се прикажуваат како некакви спасители. Апсолутно нема ништо издржано во нивните барања и бараме итно да престанат.

Искрено веруваме дека после денешниот протест каде не можеа да соберат ниту 10 луѓе, ќе се откажат од идејата понатаму да нè блокираат и ќе остават да си ги решиме проблемите. Апелираме институциите да не подлегнуваат под притисокот бидејќи ние ќе одговориме уште пожестоко со протести доколку ни се скратат правата дадени со Устав, бараат жителите на Ново Маало.

Од Зелен хуман град денес соопштија дека со градењето на висококатниците „централната власт го сервира Скопје 2021“.

Слични содржини