Издадено одобрение за нова единаесеткатница кај „Холидеј ин“, Општина Центар тврди дека ДУП-от е законски

од Берта Китинска

Денеска во мапата за издадени градежни дозволи во Општина Центар ќе ставиме уште една голема точка. За нова зграда спроти „Холидеј ин“, информираа утрово од иницијативата Шанса за Центар, која во општинскиот совет е застапена и со свои советници, а по повод издавањето на дозволата за втората висококатница на спорните парцели спроти познатиот хотел во строгиот центар на Скопје.

Издавањето на оваа дозвола, според Шанса за Центар, е незаконско бидејќи Деталниот урбанистички план (ДУП) за овој дел излегува од параметрите на Генералниот урбанистички план, што е незаконски и тврдат дека тој план не може да се спроведува.

Од Општина Центар појасннја дека за тоа дали одредена постапка е законска или не, надлежен е единствено судот и судските органи.

-Ниеден суд, ниту истражен орган се нема произнесено дека некој од ДУП-овите е незаконски или дека на било кој начин не смеат да се спроведуваат. Оттаму, законска обврска на општината е да ги спроведува и постапките предвидени со законите за градба.Ваквите неточни и тенденциозни информации пласирани во јавноста имаат за цел очигледно да наштетат на угледот на општината. Апелираме „Шанса за Центар“ да се воздржат од ваквите постапки и да не ги дезинформираат граѓаните. Општина Центар работи целосно согласно законите како за сите постапки како во урбанизмот, така и во останатите области, посочија од Општина Центар.

Слични содржини