Во Британија за еден ден од коронавирусот починаа четири лица

од Stefanija Kuzmanovska
167 прегледи

Велика Британија денес објави само четири смртни случаи од последиците на коронавирусот, што е најмал број на смртни случаи од септември минатата година, според статистиката на британската влада.

Бројот на смртни случаи пријавени во понеделници е често помал поради доцнењето на податоците за пријавениот број на смртни случаи за време на викендот, забележува „Ројтерс“.

Денес во Велика Британија се регистрирани 2.963 нови случаи на коронавирус, а 32,93 милиони граѓани примиле барем една доза од вакцината против оваа инфекција.

Повеќе од десет милиони луѓе ги примиле двете дози на вакцината против коронавирус.

Слични содржини