Фон дер Лајен: Македонија ќе добие 119.000 вакцини, се грижиме за нашите партнери како што му реков на Заев

од Nikola Popovski
279 прегледи

„Ние сме покрај нашите партнери во Западен Балкан, како што му реков на премиерот Зоран Заев“, соопшти денеска претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен на Твитер.

Таа наведе дека 119.000 дози на вакцини ќе стигнат во С. Македонија од мај до крајот на август.

„Во ова сме заедно“, напиша Фон дер Лајен. 

Австрија објави дека до август ќе им испорача 651.000 дози од вакцината на „Фајзер/Бионтек“ на шесте земји од Западен Балкан, како дел од шемата на Европската Унија да им се помогне на соседните држави и Африка. БиХ ќе добие најголем дел – 214.000 дози, додека на Македонија ќе ѝ припаднат 119.000.

„Со оваа иницијатива покажуваме дека не го оставаме регионот зад нас. Австрија лично преговараше со ‘Фајзер/Бионтек‘ за овие земји да добијат вакцини“, изјави австрискиот министер за надворешни работи, Александер Шаленберг.

Слични содржини