„Ја продолжуваме соработката за помош со вакцини за Македонија. Го правевме тоа досега, па ќе продолжиме и понатаму“, изјави денеска српскиот министер за здравство, Златибор Лончар на прес-конференцијата со министерот Венко Филипче.
Тој потврди сите оние Македонци кои ќе сакаат и понатаму да се вакцинираат во Србија, тоа ќе можат да го направат преку закажан термин на Српската е-управа или доколку спроведат нови акции за вакцинација на странски државјани, преку познатите места како и претходно, без никакви вакцинации.
„Сакаме да помогнеме на сите луѓе, бидејќи ова е глобален проблем. Во пресрет на втората доза за граѓаните од Македонија, кои се вакцинираа овде, тие можат да дојдат повторно кај нас и да се ревакцинираат, но ќе разговарам со министерот Филипче, доколку можеме да ги остапиме вакцините од АстраЗенека, кои се предвидени за ревакцинацијата, па вашите граѓани да се вакцинираат во вашата земја“, појасни Лончар, додавајќи дека се уште нема точен број колку Македонци се вакцинирале во Србија.