Во последните 24 часа, во Србија починаа уште 32 лица од последиците на инфекцијата со коронавирусот, така што вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата се зголеми на 6.058, објавено е денес на веб-страницата covid19.rs.
2.965 лица биле позитивни на вирусот, а биле тестирани 15.562 примероци.
На болничко лекување се наоѓаат 6.512 лица, а 219 се на респиратор.
Стапката на смртност е 0,91 процент.