Собранието попладнево донесе неколку предлог-одлуки и еден дополнет предлог закон, кој се однесува на четвртиот пакет економски мерки, во рамки на 39-тата седница.
На почеток, со 92 гласови „за“, ниту еден воздржан или против, беше донесена Одлуката за прогласување кризна состојба на дел од територијата, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти и заради заштита на јавното здравје во услови на пандемија.
По неа, следеше донесување на две одлуки за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Организацијата на Обединетите нации УНИФИЛ во Либан.